Две момчиња од Скопје уапсени во Охрид, кога виделе полиција ја фрлиле марихуаната

од Milan1
54 прегледи

– На 08.08.2024 во 20.20 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Д.Г.(23) и Л.Г.(20), двајцата од Скопје, информираат од МВР.

При преглед кај нив, Л.Г. фрлил пакување со марихуана, која е одземена. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини