Две тела на Лонг Бич во Калифорнија

од desk4
112 прегледи

Две лица загинаа, а едно е повредено во пукањето во американскиот град Лонг Бич, Калифорнија. Официјални лица изјавија дека тоа не е терористички чин, објавија светските новински агенции.

Еден вооружен човек отворил оган во адвокатска фирма и прво застрелал еден човек, а потоа се самоубил. Во сериозниот инцидент повредено е друго лице.

Тоа е сместено во болница, и не постои опасност за неговиот живот. Полицијата започна истрага за случајот. Тоа би требало да биде прашање на личен спор.