Две жени го сковале пеколниот план? Откриени сомнителни трансакции на фирмата која произведуваше експлодирачки пејџери

од Илинка Илиоска
554 прегледи

Веб-страницата на BAC Consulting KFT од Будимпешта, која наводно ги произведе пејџерите кои вчера експлодираа во рацете на членовите на Хезболах во Либан, веќе не е активна, а откриени се многу детали кои предизвикуваат сомнеж за оваа компанија.

BAC Consulting Kft е основана во 2022 година, а нејзината основна дејност е бизнис менаџмент и бизнис консалтинг. Новинарите на порталот 444.hu отишле на адресата на централата и откриле дека компанијата е регистрирана на истата адреса како и неколку други.

Според јавно достапните податоци, сопственик на компанијата е 49-годишната Кристиана Росарија Барсони.

Богата биографија на сопственичката на компанијата

Според нејзиниот профил на LinkedIn, таа докторирала филозофија на еден од најпрестижните факултети во Англија, а потоа студирала на Економскиот универзитет во Лондон, а ги завршила и постдипломските студии. Работела и како експерт за Европската комисија, УНЕСКО и Меѓународната агенција за атомска енергија.

Таа за себе пишува дека ја води компанијата BAC Consulting од 2019 година, но таа е основана во Унгарија во 2022 година.

Веб-страницата на компанијата е затворена

Унгарската веб-страница на компанијата е деактивирана. 24.hu пишува дека на веб-страницата е наведено дека компанијата работи во многу области, од консалтинг и продажба на накит до телекомуникациите. Новинарите на страницата не пронајдоа пејџери кои експлодираа во Либан.

Сопственикот на тајванска компанија: Пред три години ми пријде Тереза

Хсу Чинг-Куанг, сопственик на тајванска компанија чие лого стоело на пејџерите, вели дека пред три години му пришла Тајванка која ја познавал само како Тереза. Тој додава дека таа тврдела дека е локален претставник на унгарската компанија BAC Consulting.

По повеќе од два месеци преговори со Тереза, Хсу се согласи да потпише договор за продажба на пејџери на Gold Apollo на BAC и да дозволи BAC да ја користи трговската марка Gold Apollo на своите производи, пренесува KALW.

– Таа веќе неколку пати леташе во Европа за да контактира со колегите – изјави Хсу.

„Платија од сметка на Блискиот Исток“

Околу една година откако BAC потпиша договор со Голд Аполо, Хсу вели дека се вратиле со необично барање: Сакале да ги дизајнираат нивните производи, но го ставиле заштитниот знак на неговата компанија на нив.

Хсу, исто така, истакна дека нивните трансфери на плаќање се „чудни“. Иако BAC Consulting Kft е со седиште во унгарскиот главен град, Хсу рече дека фирмата му платила на Gold Apollo од банкарска сметка на Блискиот Исток што неговата банка ја блокирала барем еднаш.

Слични содржини