325
Двегодишната Маргарита е најмладиот вдомувач на куче од ЈП Лајка.
-Ова е тандем како од филмовите, кој ги наполни нашите очи со солзи радосници, а нашите срца со неизмерна среќа. Теди повеќе не е бездомно куче кое талка по скопските улици и тагува по својата сопственичка.Слатката Маргарита која има неполни 2 години е нашиот најмлад вдомувач, а со својот нов најдобар пријател веќе се неразделни.Искрено се радуваме на ваквите вдомувања. Го поздравуваме овој гест на родителите кои уште од најрана возраст ја развиваат љубовта и емпатијата кон животните кај својата најмила.Воспитувањето во духот на хуманоста е една од највисоките вредности кои може да се развијат уште во детството на секое дете, велат од ЈП „Лајка“.