Двегодишно дете почина од студ во Австрија

од Nikola Popovski
248 прегледи

Двегодишно дете починало од студ во австриската општина Урфар, откако ја напуштило куќата во потрага по своите родители.

Детето било само во куќата, во текот на ноќта, бидејќи родителите биле кај соседот, но мислеле дека преку „бејбифонот“ можат да го следат детето и да слушнат кога ќе се разбуди.

Но, очигледно е дека уредот не ги алармирал родителите кога во вечерните или ноќните часови детето излегло од дома.

Родителите дури во раните утрински часови забележале дека детето го нема и го нашле надвор од куќата.

Двегодишното дете се смрзнало, а лекарите од Брзата помош не можеле да го реанимираат.

Слични содржини