Движењето за реформи-ДПА бара Уставниот суд да ја преиспита уставноста на измените на Изборниот законик

од Vladimir Zorba
86 прегледи

dik-860x680

Движењето за реформи-ДПА, од Уставниот суд бара да се преиспита уставноста на измените на законот за Изборен законик, со кој се предвидува проверка на 39.502 гласачи. Според партијата на Зијадин Села, измените кои ги договорија четирите политички партии, го кршат правото на глас загарантирано со Уставот каде се предвидува сите граѓани над 18 години кои се државјани на Македонија да можат да гласаат, пренесе телевизија ТВ 21.

– Се повикуваме на членот 22 од Уставот со кој се гарантира правото на граѓаните на глас и тука не е нагласено дали тие треба да бидат во, или надвор од државата на денот на изборите и дали ќе го искористат гласачкото право. Тие се државјани на Македонија и сите други проверки се непотребни. Затоа ја поднесовме иницијативата и Уставниот суд треба да одлучи дали е прекршен Уставот – вели Алим Фетаи, од движењето.