Движењето за Национално Единство на Турците испратија писмо со став за преговорите во Брисел. Во целост го објавуваме писмото:
„Движењето за Национално Единство на Турците како критична маса и совест на Турците во Македонија изразува жалење поради неуспешноста на преговорите во Брисел помеѓу лидерите на власта и опозицијата за разрешување на политичката криза во Македонија. По овој повод ДНЕТ целосно и безрезервно ги подржува ставовите на опозицијата предводена од лидерот Зоран Заев, кој во Брисел ги оправда очекувањата на опозицијата и сите граѓани на Македонија. Тој со храброто, цврстото и достоинственото претставување на барањата на огромното мнозинство на граѓаните од земјата ги подгреа надежите за враќање на слободата, владеењето на правото и вербата во правната држава. Непоколебливоста за застапување на вистината за Македонија во никој случај не треба да биде предмет на попуштање во преговорите за разрешување на длабоката политичка криза.
ДНЕТ исто така изразува огорченост од изјавата на градоначалникот на Струга Зијадин Села за настојувањата за бинационална Македонија. ДНЕТ истакнува дека Република Македонија е држава и татковина и на Турците во Македонија како и на сите други национални заедници во земјата. Од тука ДНЕТ во никој случај нема да прифати Македонија да биде држава само на две нации во земјата. Особено нема под никој услов да прифатиме да бидеме двоструко подредени во зедничката држава. Граѓанската еднаквост не може да биде заобиколена. Можеби Зијадин Села охрабрувајки се од однесувањето на меѓународната зедница, особено ЕУ спрема Турците, зашто и ние не сме дел од преговорите за кризата во земјата, се однесува на овој начин. Иако што лидерот Заев има сите овластувања за преставување и на нашите интереси, пожелно е и ние да учествуваме во преговорите од причини што никогаш со нашето однесување не сме предизвикале криза во земјата ниту сме дел од актуелните кризни состојби. За оваа политичка криза подеднакво се одговорни сите политички субјекти на власта и оние кои кокетираат со власта. Према тоа огроимната вина припаѓа и на политичката елита на Албанците. И тоа е вистинскиот предмет со кој Зијадеин Села и неговите истомисленици треба да се занимаваат“.
