Актерот Махершала Али досега има освоено Оскар двапати. Прв пат пред три години за споредна улога во филмот „Светлина од Месечината“, втор пат минатата година за улога во филмот „Зелена книга – Водич за животот“.
44-годишниот беше гостин на подкастот „Mind Power Mixtape“, каде се присети на почетокот на својата филмска кариера. Поточно, тој се присети во 2008 година, кога глумеше во филмот „Невообичаената приказна за Бенџамин Батон“.
Иако дотогаш глумеше во ТВ серии и имаше само една филмска улога зад себе, режисерот Дејвид Финчер му даде улога што за малку ќе ја одбиеше. Од религиозни причини.
„Агентот во тоа време ми се јави и ми рече: „Махершала, доби улога“. Му реков „Има проблем“ има една сцена каде се бакнуваат… ако е сексуална сцена, нема да ја снимам. Јас не снимам сцени на симулиран секс“, објасни Махершала Али, кој го прифати исламот во 1999 година.
Роден е како Махершалахашбаз Гилмор, израснат е како католик, а во 1999 година го прифати исламот и го смени презимето во Али. Во 2010 година, тој го скрати своето име на Махершала.
Во споменатата сцена, Махершала Али се бакнува со Тараџи П. Хенсон, актерка која исто така глумеше во ТВ серии до тој филм, а по филмот „Невообичаената приказна за Бенјамин Батон“, таа се префрли од ТВ серии во играни филмови.
„Јас и Тараџи започнавме да се бакнуваме, а потоа некако испаднавме од кадарот. Не знам дали Финчер намерно сакаше таква сцена. Јас не мислам така. Во тоа време, пред 15 години, размислував за тоа како можам да напредувам, но во исто време сакав да живеам во согласност со мојата религија“, рече Али.
Кога Махершала доби Оскар за улогата во филмот „Светлина од Месечината“, тој беше првиот муслимански актер кој ја освои оваа најважна филмска награда.