Двоен состанок: Том Хенкс и Стивен Спилберг ги изнесоа своите сопруги на вечера

од Vladimir Zorba

Познатиот актер и неговата сопруга Рита Вилсон излегоа со режисерот и неговата сопруга Кејт Капшо во италијанскиот ресторан Џорџо Балди во Санта Моника.

Тие се снимени како пристигнуваат таму и се гостат во пријатна вечер и пријателска атмосфера.

За потсетување, Стивен Спилберг и Том Хенкс се пријатели долги години и работеа заедно на неколку филмови како „Спасување на војникот Рајан“, „Фати ме ако можеш“, „Терминал“, „Мост на шпиони“ и „Новини“ (The Post).

Во моментов, старите пријатели копродуцираат минисерија која ги истражува воздушните војни од Втората светска војна.

Слични содржини