Во семејството на Зета-Џонс и Даглас, денес веројатно се слави уште од утрото, а како да не биде кога денес е 25 септември, денот кога се родени главните актери на тоа семејство, Кетрин и Мајкл – во 1944-та, а потоа во 1969 година.
Холивудските сопружници се посебни меѓу обожавателите токму поради тоа што и двајцата се родени во ист ден, кои на почетокот имаа многу замерки за 25-годишната разлика меѓу нив. Сепак, фактот што тие исти години никогаш не им пречеле говори дека и по 23 години брак се уште се среќни и заљубени, а во прилог на тоа оди и последната објава на Мајкл Даглас на Инстаграм.
Тој утрово реши да и го честита роденденот на својата убава сопруга Кетрин Зета Џонс со црно-бела фотографија од минатото. На фотографијата нежно ја бакнува во чело додека таа се насмевнува и му позира на фотографот. Тој исто така напиша: „Среќна Нова Година за тебе драга! Ти посакувам најсреќен роденден! Те сака Мајкл“.
Не ѝ требаше многу време за одговор под објавата, каде што Кетрин му честиташе: „Благодарам! И среќен роденден и тебе драги!’
Два часа по него, на својот Инстаграм профил се огласи и Кетрин, која објави црно-бело видео составено од досега невидени фотографии на Даглас како дете, каде што е сам или со својот татко, холивудската легенда Кирк Даглас, потоа со неа и нивните деца, ќерката Керис и синот Дилан, а сето тоа со звуците на песната „Fever“.
„На Мајкл му е роденден! Тоа е мојот роденден! Среќен роденден Мајкл, те сакам!’