Двојните аршини на политичките партии: Што се крие зад најавите за позитивна кампања?

од desk4

Кој, како и зошто ќе води позитивна кампања? Во очи на локалните избори, партиите се погласни дека им е доста од партиски препукувања и навреди кон противкандидатите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обелодени намерата на „Белата палата“ , да води позитивна кампања со решенија за проблемите на граѓаните. Фокусот ќе биде на борбата со криминалот и корупцијата.

Од партијата на Зоран Заев на „Бихаќка“  не веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од црна и мрача изборна кампања, полна со лажни вести, деструкции, блокади, кочници, злоби и етикетирања. Најавуваат дека СДСМ како и до сега ќе водат позитивна кампања со фокус на реализирани и нови проекти понудени од градоначалниците.

И во албанскиот политички блок не изостануваат меѓусебните обвинувања за тоа дека противничкиот табор води валкана предизборана кампања. Алијансата за Албанците неодамна ја обвинија ДУИ дека врши мобинг, притисок и политичка одмазда врз државните службеници кои не го делат политичкото убедување со интегративците. Од централата на ДУИ во Мала речица пак, ги отфрлаат обвинувањата и додаваат дека Алијансата говори така бидејќи  го чувствува поразот на локалните избори особено поради тоа што скааат да го прикријат потфрлувањето во раководењето со Гостивар и другите оптшини под нивно водство.

За ваквата предизборна состојба, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани за „Локално“ поединечно ги анализираше информациите за „позитвина“ кампања на  четирите партии.  Според Рамадани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со најавата за позитивна кампања сака да ја заборави црната кампања полна со црни видео – спотови и скечеви што ја водеше на претходните парламентарни изобри.

-Видовме како поминаа на последните предвремени парламентарни ибори. Најверојатно партијата извлече поука, дека таква кампања не носи многу гласови на политичка паритија која сака сериозно да освои што повеќе гласови на локалните избори. Со влегувањето во коалиција со Алтернатива и Алијанса, ќе слушаме коментари и за „27 април“ но и за ставовите во однос на прашања кои се однесуваат на Албанците и на договорите со Грција и Бугарија. Околку овие прашања немаат ништо заедничко со Алијанса и Алтернтива. Мицкоски влегува срамежливо во оваа коалиција со тоа што и едните и другите ќе имаат потешкотии да го оправдаат коалицирањето пред своите гласачи. Мислам дека спротивниот табор токму ова ќе го искористи, вели Рамадани.

Според политичкиот аналитичар Рамадани, СДСМ во локалните избори влегува со позитивна кампања, бидејќи во партијата се убедени дека се фаворити.

-Според некоја логика партијата која е носител на централната власт секогаш е фаворит на локалните избори, освен ако не се случи нешто, ептен неочекувано. Досегашните настапи на локалните избори покажуваат дека ќе имаме интересни комунални избори. На овие избори претендентите за градоначалници и советници ќе паднат во сенка на високата политика која на кандидатите, докрај нема да им дозволи јасно, пред граѓанте да ги претстават своите програми и платформи со кои претендираат да ја освојат локалната власт, рече Рамадани.

Рамадани за кампањата на ДУИ смета дека е речиси перфектно организирана од партиската струкутра за  која според него таа е клиентелистичка, бидејќи 90% од адмнистративците Албанци ги имаат под контрола.

– На ДУИ и е полесно да ги организира своите гласачи отколку да дојдат до гласот на граѓаните. Коалицијата со СДСМ на последните локални избори се покажа успешна и тоа им влева сигурност и за ова изборно соочување. Тие ќе продолжат со софистицирана кампања која нема да биде валкана бидејќи имаат и многу адути. Меѓу нив, нивниот лидер, потоа трансформациите и реформите во партијата, кои колку и да се формални, сепак привлекуваат дел од неопределните гласачи. Се добива впачаток дека е непобедива партија. Не исклучувам на одредение места да има изненадувања. Но, ДУИ во изборите влегува како фаворит,вели Рамадани.

За Коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците, Рамадани вели дека на овие избори ќе се покажат како добри конкуренти, со добри шанси но, само во општините каде што и досега владеат.

– Во Госативар и Гостиварско може да ги повторат успесите, но тешко дека ќе успеат во другите општини. Речиси невозможно е е да се зграпчат гласачи кои со години се врзани со личноста на градоначалниците, односно со интересите кои се од различен основ. Градоначалниците ваквиот момент секогаш го имаат во предвид и веќе станаа „мајстори“ за придобивање на гласачите со форми на кои, за жал граѓаните им подлегнуваат, рече Рамадани.

На тема позитивна кампања, повторо се судрија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски смета дека на граѓаните им е доста од калта во политичкото мочуриште.

-Граѓаните сакаат да слушнат надеж и решение за нивните проблеми. Доколку некој од другите учесници во оваа кампања планираат да ја водат со ниски страсти, навреди, мизогенија, тогаш тоа е нивна одлука. Претпоставувам дека имаат стратези кои така ги советуваат. Ние како ВМРО ДПМНЕ ќе водиме исклучително позитивна кампања, рече Мицкоски.

Од СДСМ возвратија дека тие отсекогаш водат позитивна кампања и се против ширењето на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зборуваме за деструкции, блокади, за кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои јавно зборуваат дека се антиваксери и дека нема да примат вакцина. Тоа не е обвинување, тоа е еден апел да се однесуваат конструктивно и навистина да се вклучат во позитивна кампања и тоа не само за локалните избори, туку во сите процеси во интерес на граѓаните и на државата, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.

Кампањата за локалните избори, каква и да е „црна“ или „бела“ официјално треба да почне на 27 септември.
Политичкиот аналитичар Рамадани за Локално вели дека на локалните избори нема да гледаме „најцрна“ кампања затоа што кај нас политичарите на нив гледаат како да добијат предност за евентуални предвремени парламентарни избори со кои ќе сакаат да дојдат на власт. Таа желба вели Рамадани е многу поголема отколку да се владее со локалната самоуправа.

Б.Т.

Слични содржини