Двојно убиство во Топанско поле: Познат и идентитетот на жртвите

Двајца мртви е епилогот по пукотница која утрово се случила во скопската населба Топанско поле, објави А1он. 

Во моментов цела населба е затворена. Според очевидци настанот се случил околу 3 часот утрово кога две лица пукале во сега веќе двајцата мртви кои седеле во возило. Од МВР засега не соопштуваат ништо и најавуваат повеќе информации во текот на денот.

Но, според извори на Алсат од МВР, жртви на двојното убиство што се случи на ул. Македонско-Косовска бригада во скопската населба Топанско Поле, се Африм Бериша и Бурим Вардар. Според истите извори жртвите се застрелани во автомобил.

Бројни полициски сили се на местото на настанот и го испитуваат случајот. Засега не е познат мотивот за Убиството.

Слични содржини