DW: Повеќе лампиони отколку пратеници на обраќањето на Иванов

од desk3
132 прегледи

Владејачката ДУИ и опозицискиот СДСМ нема да присуствуват на обраќањето на претседателот во Собранието: чинот е во (ин)директна корелација со причините за кризата-пишува DW.

0,,16462348_303,00

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и годинава, исто како и лани, годишното обраќање пред Собранието денеска напладне ќе го одржи пред полупразна собраниска сала. Ваквиот епилог е извесен откако пратениците на СДСМ вчера соопштија дека нема да присуствуваат на неговото обраќање.

„Ставот на СДСМ е јасен. Претседателските и парламентарните избори се криминални и наместени. Во Парламентот сме исклучиво заради Договорот од Пржино. Тој за нас не е претседател, затоа што е избран на криминални и наместени избори“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Ѓорги Сугарески, одговарајќи на новинарското прашање – дали социјалдемократите ќе присуствуваат на претседателското обраќање во Парламентот.

Не успеаја, пратениците на власта застанаа зад Тодоров

Отсутна и ДУИ

Дојче веле истото прашање му го постави и на портпаролот на Демократската унија за интеграција: ќе присуствуваат ли пратениците на ДУИ на денешното обраќање на претседателот Иванов?
„Не“, кратко и децидно одговори портпаролот Бујар Османи. Оваа партија и натаму останува на ставот дека Иванов е нелегитимен претседател, бидејќи ја нема поддршката на втората по големина етничка заедница во Македонија. Политикологот Владимир Божиновски во ваквиот однос на двете партии кон институцијата претседател, гледа недостиг на политичка култура.

„Заложбата на СДСМ беше дека институциите треба да функционираат. Ако СДСМ сака да го унапреди функционирањето на институциите, со личен пример треба да покаже дека го прави тоа. А каде, ако не најпрво во Парламентот, кој ги претставува сите граѓани, бидејќи граѓаните на своите избраници им го дале правото да ги застапуваат нивните интереси и да бидат дел од таа претставничка демократија. Дали, ако на некои следни избори претседателот биде избран на предлог или од редовите од СДСМ, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе треба го бојкотира? Дали ова значи дека ДУИ бара укинување на демократијата? За жал, нивната политичка култура е на едно уште пониско, на трибалистичко ниво“, вели Божиновски.
Без оглед дали пратениците на ДПА ќе присуствуваат во Парламентот, претседателското обраќање од лани се доживува како негов говор пред монопартиска публика, односно како обраќање на Иванов пред „своите“.

Најактивна година на Иванов

Шефот на државата ќе се обрати пред полупразен парламент во една од најтешките години за Македонија, која, пак, во неговото портфолио е „прокнижена“ како една од најактивните: имал 149 средби со странски државници, 31 посета на држава и десетина учества на меѓународни самити, на кои ги реафирмирал заложбите на Република Македонија за брз прием во ЕУ и НАТО. Имал 30-тина активности поврзани со бегалската и мигрантската криза и мерки за намалување на безбедносните ризици.

Повеќе ТУКА