DW:Кризата ги отвори вентилите на албанското незадоволство

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Најавениот сеалбански протестен марш на 13 јуни, освен неотповиклива оставка на владата на Груевски и Ахмети, има и други барања кои тешко можат да се решат во момент на државна криза.

0,,17759247_303,00

Политичката криза, бавното темпо на нејзиното решавање и недовербата дека лидерските разговори на 10 јуни во Брисел може да донесат некакво конструктивно решение, го крена незадоволството и кај вонпарламентарната опозиција во албанскиот политички кампус. Гласот на тој револт ќе биде изразен на 13 јуни, на сеалбански протестен марш што го организира движењето „Беса“. Ќе почне во 17.00 часот од Чаир, а ќе заврши на адресата што го провоцира граѓанското незадоволство – „Илинденска“ број 2, пред зградата на Владата.

„Основни барања на овој протест се неотповиклива оставка на Владата на Никола Груевски и Али Ахмети поради партизација на државата, злоупотреба на институциите, неуспехот во интеграцискиот пат и антиалбанскиот пристап.

Ќе бараме од Заев да ги објави сите материјали кои се поврзани со монтираните случаи, како што е случајот ’Монструм’. Инаку, ќе го сметаме и него како дел од покривање на криминалот. По објавените снимки и по неуспехот во одбрана на некоја албанска агенда, ДУИ и ДПА не се веќе претставници на Албанците во Македонија и немаат мандат да одлучуваат за Албанците во какви било преговори“, соопшти претседателот на координативниот совет на „Беса“, Билал Касами.

Тие ќе бараат и албанскиот јазик да биде официјален на целата територија на земјата, да има правична распределба на буџетот и договор за редефинирање на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и Македонците.

Фактот дека протестниот марш е закажан три дена по закажаната рунда лидерски разговори во Брисел, зборува за отсуство на надеж дека таму ќе се дојде до некакво решение, а уште помалку дека постои каква било доверба во политичките претставници на Албанците.

Од „Беса“ веќе најавија дека ќе побараат оставки од сите министри на ДУИ, бидејќи и досега не успеале успешно да завршат ниту еден процес за кој биле одговорни.

Движењето кое се декларира само како иницијатор, но не и организатор на протестот, повика и други албански политички субјекти – Движењето за реформи во ДПА, Националната Демократска Преродба, невладини организации, интелектуалци, уметници, новинари и други јавни личности заедно да формираат Совет за организација на протестниот марш кој ќе се одржи „под албанско знаме и под албанска химна“.

Нека се приклучат и Македонците!

Со тоа станува извесно дека овој протест нема да има инклузивен граѓански крактер. Аналитичарот Исен Салиу вели дека постојат „милион причини“ зошто Албанците во Македонија треба да протестираат потив актуелната Влада, но не само тие.

Ниту еден албански субјект не покажа доблест да ги повика граѓаните Албанци да го поддржат опозицискиот протест на 17 мај, потсетува Салиу

„Слично како што на 17 мај многу граѓани Албанци се приклучија на опозициските протести предводени од СДСМ, така и голем број Македонци без никакви предрасуди треба да се приклучат на протестот што го најавува ‘Беса’, на кој очекувам да се приклучат и други опозициски партии и граѓански организации. Штетата што им ја направи оваа Влада на граѓаните на Македонија е многу голема, па затоа треба да биде голем и широк секој протест против нејзините политики, без разлика кој субјект е иницијатор или организатор. Додека ниту еден албански субјект не покажа доблест да ги повика граѓаните Албанци да го поддржат опозицискиот протест на 17 мај, македонските опозициски партии треба да покажат доблест и јавно да ги повикаат своите членови и симпатизери да се приклучат на протестот на 13 јуни. Токму заедничкиот револт кој го покажаа граѓаните од сите заедници на 17 мај, беше клучниот момент кој ја раздвижи меѓународната заедница да се вклучи во што побрзо изнаоѓање решение за кризата во Македонија, а тоа ќе биде потребно и во наредниот период“, вели Салиу.

0,,18455096_404,00

„Беса“ беше политичкиот субјект кој во последен миг јавно го откажа претходно најавеното учество на големиот антивладин протест на 17 мај, поради незадоволство што лидерот на СДСМ во „бомбите“ ги поштедил функционерите од ДУИ.

повеќе тука