Пропаѓање ги чека и Лондон, и Берлин, ако референдумот за излез од ЕУ е позитивен.

Излегувањето на Британија од Европската унија, Германија ќе ја чини 45 милијарди евра само во текот на една година, бидејќи извозот на најголемата европска економија ќе претрпи сериозен удар. Тоа е прогнозата на банката DZ Bank, цитираат агенциите.
“Ризикот за германската економија е многу голем, бидејќи Велика Британија ни е главен трговски партнер”, објаснува економистот Моника Бавен од DZ Bank. Според неа, ако Британците гласаат за излез од блокот, ефектите од ова решение за Германија ќе започнат да се чувствуваат во втората половина на оваа година. Во такво сценарио економијата на земјата ќе порасне за 1.4% кај прогнозирани од DZ Bank 1,8% за оваа година, и со 0,5 отсто наместо со 1.7% во 2017 година
Според зборовите на Бавен британскиот пазар помогна за стабилизација на Германија во тежок момент за светската економија. Затоа секторите кои извезуваат продукција за Велика Британија, ќе бидат директно погодени, ако Велика Британија излезе од ЕУ.
“Брекзит” ќе има “негативни и суштински” долгорочни економски последици и за Велика Британија, предупреди денеска и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Гласање во поддршка на излегувањето ќе предизвика подолг период на засилена несигурност, водечка до финансиска нестабилност, намален раст и зголемување на цените “, прогнозира Фондот. Претходно британската централна банка предупреди дека при излегување од ЕУ се чека пад на курсот на фунти и зголемување на невработеноста.