Упатените тоа го дешифрираат дека Тачи секогаш ќе гласа за ВМРО ДПМНЕ, до колку тоа биде потребно во парламентот каде до колку ДУИ се повлече и плус некој од колиционите партнери, Тачи ќе го спасува Груевски.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи сега не е убеден дека ќе успеат разговорите со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за влез во Владата. Според него, немало сериозност кај Владата за деблокирање на евроинтеграциските процеси, што за ДПА е еден од условите, и ете тој сега „го одбивал“ Груевски.
– Не верувам во сериозноста на Владата за деблокирање на евроинтеграцискиот пат на Македонија. Во моментот кога ќе видам сериозен процес тогаш ќе видиме, што значи дека разговорите тука не прекинуваат. Имам најави, од Косово и од Албанија, дека се работи на деблокирање на процесот со спорот со Грција и во скоро време можни се одредени активности во таа насока – изјави Тачи на денешната средба со новинарите, веднаш по состанокот со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.
Верен до смрт ?
По информациите за влез на ДПА во Владата, Тачи прво изјави дека имал разговори со премиерот Никола Груевски, но не за влегување во Владата, туку за други политички прашања. Тачи го повтори ставот дека Владата на Груевски секогаш ќе има негова безусловна поддршка кога се во прашање евроинтеграциските процеси, како и за позицијата на Албанците во земјава.
Упатените тоа го дешифрираат дека Тачи секогаш ќе гласа за ВМРО ДПМНЕ, до колку тоа биде потребно во парламентот каде до колку ДУИ се повлече и плус некој од колиционите партнери, Тачи ќе го спасува Груевски . Тоа е побитна позиција во случај на интерепелација на владата , и клучно отколку министерски места. Муса Џафери од ДУИ во последниот ТВ настап исто така посочи дека ДПА нема сигурно да влегува во влада , и тоа е само една од многуте паради на Тачи, предконгресно против Зијадин СЕЛА, за да бе му одземе од членството и не му го преземе лидерството во ДПА.
