Аеродромот и метрото во главниот град на Белгија се во крв, луѓето се во паника.
Терористи го окрвавија Брисел со паралелни напади на аеродромот и метрото. Две експлозии на аеродромот “Завентем” предизвикаа невидена паника. Летовите беа прекинати, а жртвите се најмалку 11. Според други информации загинатите се дури и повеќе.

Неколку минути подоцна две експлозии ги окрвавија и станиците на метрото “Шуман” и “Мелбек”. Уште нема информации за жртви. Брисел е во состојба на војна. Првите коментари се дека нема да е чудно, ако злобните терористички напади се одмазда на џихадисти по апсењето на мозокот на париските напади, Салах Абдеслам.
Војна во Брисел! Две нови експлозии го потресоа и метрото (ВИДЕО)
По експлозиите на аеродромот „Завентем“, претпладнево се случи уште една експлозија во метро станицата Малбек во белгискиот главен град, во близина на институциите на ЕУ, потврди и белгиската телевизија РТБФ. Според истиот извор има најмалку 10 загинати и 30 повредени, јави бриселската телевизија, повикувајќи се на болнички извори.
Западни медиуми јавија дека пред експлозиите на аеродромот се слушнале истрели од огнено оружје и повици на арапски јазик.
Се вклучуваме во живо во Брисел: