Џони Деп е најпреценетата филмска ѕвезда во Холивуд за оваа година според магазинот Форбс. Деп е еден од најплатените актери на планетата со очекувани годишни приходи од 30 милиони долари. Но, тој  ѝ враќа на индустријата само 1,20 долари за секој вложен долар во неговите филмови.

4566885

Бројките се поседица на неуспехот на филмовите “Mortdecai”, “Transcendence” и “The Lone Ranger” (“Осамениот ренџер”). “Осамениот ренџер” е најголемиот неуспех,и како што филмското студио “Дизни” проценува, тоа загубило околу 150 милиони. Од вестернот, иронично Деп по лошиот период за кариерата, се очекува оваа година сепак да биде меѓу номинираните за најдобар актер за наградите “Оскар” за улогата на бостонскиот гангстер Вајт Блџер во трилерот “Black Mass”.

Тоа е така, бидејќи “Форбс” ги гледа само последните три филма на секој актер пред јуни оваа година. Сите актери во топ 10 се мажи. Ова е  високиот контраст на рангирањето на актерите со “највисока вредност”, кој излезе во понеделникот. Таму во топ 5 фигурираат четири жени, што дополнително  ја разгорува дебатата во Холивуд за нерамнотежата во платите меѓу двата пола.

Но, да се вратиме кон преценетите  актери оваа година. На второ место е Дензел Вашингтон, кој  вратил само 6,5 долари за секој вложен долар во филмовите. Тој е на втората позиција, иако има заработено пет пати повеќе од Џони Деп. На трето место е за Вил Фарел, кој вратил 6,8 долари за секој долар. Во рангирањето влегуваат уште Лиам Нисон, Вил Смит, Кристијан Бејл, Чанинг Тејтум,  Бред Пит, Бен Афлек и Том Круз.

Слични содржини