Меѓународниот инвеститор, вели Италија е слабото место во еврозоната.
На прво место, вина за состојбата во која се наоѓа еврозоната имаат гнилите италијански банки, кои имаат потреба од итна реорганизација. Ова го вели Џорџ Сорос за германскиот весник “Ди Велт”.
Меѓународниот инвеститор гледа во комбинирањето на Брекзитот, банкарска криза и проблемите со мигрантите, се значителен ризик за ЕУ.
Тој предлага да се создаде елитен клуб на европските држави. Сорос e познат по тоа што не се ограничува само со предупредувања за проблематичните единици, но истовремено со тоа инвеститорот пушта во акција и неговите милијарди.
Неодамна Сорос освои 100 милиони евра од Дојче банк, штом предупреди за новата банкарска криза. Не е случајно што своето прво големо интервју по одлуката на Британците за Брекзит тој го даде за италијански весник. Бидејќи Италија со своите распаднати банки се смета за економско буре барут на континентот.
Државата која може да доведе до следната должничка криза, посериозна отколку во Грција. На крајот на јули се очекуваат резултатите од европските стрес тестови за банките и тогаш се заканува следната економска непријатност, пишува Холгер Цшепиц во “Ди Велт”.
Сорос смета уште дека политичките проблеми се голема закана. “По Брекзитот за ЕУ се заканува смртна опасност “, вели тој во интервју за “Кориере дела Сера”.
Европа треба да се претвори во обединување, кое повторно ќе изгледа атрактивно и кон кое и Велика Британија ќе побара да се приклучи. “Само тогаш Европа може да преживее.”
Внатре во ЕУ Сорос смета дека Италија е “слаба точка на еврозоната”. За тоа на прво место се виновни гнилите банки кои имаат потреба од итна реорганизација. Тој нуди институционалните кредитори да бидат казнети, а на приватните да ги обноват загубите.
Одлуката на Сорос личи на стрес тест за светските банки, пишува “Ди Велт”. Според податоците на Банката за меѓународни порамнувања италијанските банки имаат обврски од 80 милијарди долари кон француските, германските, шпанските финансиски институции, како и кон оние во САД. Германските очекуваат од своите италијански конкуренти 11,5 милијарди долари, а француските – цели 40 милијарди долари.
Друг опасен фактор за Сорос е Турција, бидејќи “Договорот со Турција е
преслаб фундамент, за да се гради врз него европската имиграциск политика “. Преговорите на Ердоган со Русија го менуваат соодносот на силите на штета на ЕУ. Тука Европа мора да најде силен одговор.
