ДЗР: Состојбата во дел од студентските домови не ги задоволува условите за домување

од desk3
96 прегледи

Иако во последните години нивното одржување е проследено со вложување на значителни финансиски средства, сепак состојбата во дел од државните студентски домови не ги задоволува условите за домување, констатира Државниот Завод за ревизија во последниот извештај од ревизијата за успешност на студентските домови-информира Радио МОФ

47CD7C4A80ABE9449387837B8465D0E3

Ревизијата извршила увид во државните студентски домови „Скопје“ – Скопје, „Пелагонија“ – Скопје, „Никола Карев“ – Охрид и „Кочо Рацин“ – Битола, каде констатира повеќе проблеми кои го отежнуваат живеењето на студентите. Според ревизорите, потребна е промена и реконструкција на електричната инсталација во зградите која е доста стара и не ги задоволува потребите на современото живеење.

Постои потреба од реконструкција и санација на санитарни јазли кои се наоѓаат во лоша состојба како и комплетна инсталација за ладна и топла вода.

„Исто така постои потреба од реконструкција на санитарии во помошните простории (трпезарија, кујна, читални…), кои во дел од домовите воопшто не се реконструирани, а масовно се користат. Промена на кров и кровна конструкција е потребна во дел од државните студентски домови, како и промена на врати и прозорци, кои се стари повеќе од 30 години и не прдоинесуваат за енергетска ефикасност во државните студентски домови. Редовна поправка и сервисирање на лифтовите е неопходна, поради безбедноста на студентите и вработените“, се вели во извештајот на ДЗР.

Поради тоа што објектите на „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје не ги задоволуваат условите за сместување на студенти, тие се исклучени од конкурсот за студентската 2014/2015 година.

„Ревизијата е на мислење дека се потребни поголеми зафати за да можат државните студентски домови да го следат трендот на современото живеење и да се создаваат современи услови за сместување на студентите. Потребно е да се направат квалитативни чекори за студентските домови да станат примамливи, како за студентите, така и за други лица кои можат да ги користат овие капацитети во месеците кога во нив не се сместуваат студенти“, препорачуваат од ДЗР.

Повеќе ТУКА