ДЗС: 45 проценти од децата во 2 и 3 одделение имаат основни вештини за читање

од Берта Китинска
190 прегледи

Државниот завод за статистика, во текот на 2018-2019 година го спроведе Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС), како дел од Глобалната програма MICS за состојбата на децата и жените.

Според податоците:

• 45 проценти од децата во 2 и 3 одделение имаат основни вештини за читање – т.е. можат правилно да прочитаат 90 проценти од зборовите во расказот, да одговорат на три прашања за буквални значења и две прашања за изведени значења, стои во извештајот на Државниот завод за статистика.

• 68 проценти успеале правилно да ги прочитаат зборовите, а само половина точно одговориле на прашањата за изведени значења.

• 26 проценти од децата во 2 и 3 одделение имаат основни вештини со броеви – читање и разликување броеви, собирање, и препознавање и дополнување на шеми. 68 проценти успешно разликуваат броеви, но само 41 проценти успеале во задачите за собирање и препознавање и дополнување на шеми.

• Од децата на возраст 7-14 години, девојчињата ги надминуваат момчињата во основните вештини за читање, 70 проценти имаат основни вештини за учење во споредба со 58 проценти од момчињата.Од друга страна, момчињата покажуваат подобри основни вештини со броеви од девојчињата – 47 проценти наспроти 35 проценти.

• Генерално, децата од најбогатиот квинтил покажуваат далеку подобри резултати и во вештините за читање и во вештините со броеви во споредба со децата од најсиромашните квинтили.

• Околу 60 проценти од децата на возраст 7- 14 години имаат три или повеќе книги за читање дома, со значителни разлики помеѓу децата од најбогатите и најсиромашните квинтили – 96 проценти во споредба со 18 проценти.

Со истражувањето МИКС се мерат клучните индикатори кои им овозможуваат на земјите да создаваат податоци за креирање на политики, програми и национални планови за развој и да го следат напредокот кон целите за одржлив развој (SDG) и други меѓународни договори, соопштија од ДЗС.

Слични содржини