Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесува 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесува 842 142 toe, што претставува намалување од 10.6 % во споредба со 2023 година.
Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 20.9 % и хидроенергијата од 15.8 %, додека најзначително зголемување од 140.0 % е евидентирано кај соларната електрична енергија.
Финалната енергетска потрошувачка во 2024 година изнесува 1 859 697 toe, при што енергијата е распределена по сектори на следниот начин:
Сообраќај – 47.6 %
Домаќинства – 26.1 %
Индустрија – 16.9 %
Останати сектори – 8.4 %.
Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 39.4 %, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35.4 %.
Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 KWh по жител на годишно ниво.