Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги демантираше лажните вести за наводно украдена пила од австриските пожарникари.
Како што објавуваат од ДЗС во демантот, веста пласирана од извесен Бојан Петровски на неговиот Фејсбук профил, а преземена од некои портали, е лажна вест.
Самиот тој ја повлекол веста и споделил дека таа е пронајдена.
Ова прашање беше претходно денеска поставено и на првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој исто така ги отфрли овие информации.
„Тоа е вулгаризирање. Прочитав на Фејсбук дека недостасувала една моторна пила.Таа може да е било каде зафрлена и изгубена. Не заборавајте дека се работеше за пожар, гореше оган на сите страни и не сакам ни да помислам дека некој украл моторна пила, која има вредност стотина евра“, рече Ангелов.
Фото: Принтскрин