ДЗС демантира: Нема одложување на пописот, ќе започне на 1-ви април

од Nikola Popovski
151 прегледи

Државниот завод за статистика ги отфрла пишувањата на некои медиуми дека бара одложување на Пописот поради состојбата со коронавирусот.

„Заводот забрзано се подготвува за теренските пописни активности кои се одвиваат во согласност со планираните рокови. Сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот. Пописот ќе започне на 1 април 2021!“, стои во соопштението од ДЗС.

„Пописот мора да се случи оваа пролет и негово одложување не е посакувано, изјави вчера премиерот на Македонија“, Зоран Заев.

Според него, состојбата со вирусот е мошне непредвидлива, па така не смее да се губи време и оваа операција мора што побрзо да се спроведе.

„За кога да одложиме пописот? За 10 години? Не може да се одложи за мај или јуни. Тогаш луѓето се по одмори. Септември е кампања, октомври се изборите. Треба да го спроведеме пописот. Треба да си ја земеме одговорноста во своите раце“, истакна Заев.

Левица вчера излезе со барање до граѓаните да не отвораат врата за попис и со тоа практично да се поништи пописот, за кој тврдат дека е договорен фалсификат меѓу СДСМ и ДУИ

Слични содржини