ДЗС: Не може да се самопопишат лица кои се откажале од македонското државјанство

од Берта Китинска
155 прегледи

Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста, дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство, соопштија од ДЗС на својот официјален ФБ профил.

-Тоа се дезинформации. Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број.

ДЗС дејствува по сериозна методологија и се води по најстрогите и најсовремени стандарди на проверки при попишувањето и секој обид за дезинформирање и манипулирање со населението ќе биде веднаш демантиран и разобличен, велат од ДЗС.

Слични содржини