ДЗС: Просечната цена на струјата во второто полугодие од 2022 била за 12,6% повисока од првото полугодие

од Nikola Popovski
148 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2022 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во Република Северна Македонија изнесува 6.486 денари по KWh, што претставува пораст од 12.6 % во споредба со првото полугодие од 2022 година.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 8.921 до 19.802 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 83.766 до 90.712 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 95.989 денари за nm3.

Слични содржини