ДЗС со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на ФЗОМ

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2020 година. Изразиле мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2020 година.

Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за усогласеноста со законите и прописите за 2019 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките, дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2019 година презентирано како прилог кон овој Извештај, при што е констатирано дека една препорака е спроведена, четири препораки се во тек на спроведување, една е делумно спроведена и четири препораки не се спроведени.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2020 година констатирано е:

– во делот на внатрешните и теренските контроли при потврдувањето на реалноста и објективноста на фактурираниот број и видови на извршени медицински интервенции реализирани од ПЗУ утврдени се слабости;

– во функционирањето на ИТ системот на Фондот постојат слабости, недостиг на ИТ кадар и отсуство на ИТ стратегија;

– во делот на вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни утврдени се неправилности и непочитување на роковите;

– при исплата на надоместоците за породилно отсуство не се воспоставени контроли поради што се исплатувани надоместоци и кога осигурениците
остварувале плата за ефективни часови на работа;

– во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица утврдени се слабости и неправилности при што во целост не се обезбедува соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола, односно систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето во странство;

– при ангажирањето на надворешни лица со договор на дело констатирани се слабости;

– пописот на средствата, побарувањата и обврските е нецелосно спроведен;

– статусот на дел од градежните објекти и земјиштето е нерегулиран, нецелосно утврдени вредности и евидентирање на недвижниот имот во деловните книги;

– за залихите на материјали не е воспоставена евиденција;

– состојбата на обврските во финансиските извештаи е нереално прикажана;

– во спроведувањето на постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки констатирани се неправилности.

Целиот извештај на следниот линк!

Слични содржини