ДЗС: Во октомври, 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во октомври 2025 година изнесува 511 057 МWh, што претставува 92.6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во октомври 2025 година изнесува 511 057 МWh, што претставува 92.6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Во октомври 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:

552 055 МWh електрична енергија, 32.657 мил. нм3 природен гас, 340 268 тони јаглен и 101 913 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 92.6 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Во октомври 2025 година во однос на октомври 2024 година:

* Потрошувачката на природен гас е зголемена за 77.7 % како резултат на зголемената активност на когенеративните постројки

* Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 0.7 %