Монструозно видео, со егзекуцијата на најмалку 200 сириски деца, се појави на интернет. Шокантните снимки се објавени од непријател на терористичката група “Исламска држава” од Јемен, соопштува Mirror Online.

На кадрите се гледаат деца кои лежат со лица на земјата. Зад нив поминуваат вооружени мажи и пука во нив еден по еден. “Бог ќе ги изгори” Исламска држава “и поддржувачите “, гласи еден од коментарите под видеото. Во почетокот на ноември стана јасно дека џихадисти ликвидирале 12 деца, кои се обиделе да избегаат од камп за обука во ирачкиот град Мосул. Жртвите биле на возраст меѓу 12 и 16 години