Модел кој објавува свои видеа на „OnlyFans“ со само 34 години стана една од најмладите баби во Велика Британија. Рејчел Мекинтајр вели дека и покрај тоа што има внук, сепак изгледа доволно младо за да ѝ побараат лична карта на излегување.
Таа го дочекала своето прво внуче на крајот на јули кога се породила нејзината 17-годишна ќерка.
Среќната вест ја споделила на социјалните мрежи, каде што корисниците тврделе дека изгледа премладо за да биде баба, додека други мислеле дека тоа е нејзиното дете.
Worst parent? 2 & 5
Rachel = 2
McIntyre = 5-x-8#1to9
Bonus:
"Rachel McIntyre" = 2-x-1
"The 2-x-1 is, lb for lb, the worst combination of the 81"#Quadfecta https://t.co/bTrZOAMDi4— Floyd Maxwell (@justthinkit) August 15, 2023
34-годишната девојка забременила за првпат кога имала само 15 години и вели дека е тешко да се биде млада мајка со полно работно време.
Луѓето дури и не веруваат дека имам ќерка. Тие се целосно шокирани кога ќе им кажам дека имам дете. Мислат дека јас и ќерка ми сме сестри, па кога ќе им кажам дека сум баба, тоа е уште поголем шок, вели Рејчел.
И додека Рејчел ужива во својата нова улога на баба, таа признава дека ѝ било стресно гледањето на нејзината ќерка како се породува.
Беше доста трауматично да ја видите ќерка ви како поминува низ такво нешто на 17 години. Породувањето беше тешко, но за среќа внука ми е добро бебе – не плаче. Прави врева само кога е гладна, вели новата баба.
Рејчел, која едвај чека да се врати во теретана по неодамнешното затегнување на стомакот во Турција, истакнала дека да се биде млада баба е огромна предност бидејќи, како што вели, можеш да правиш толку многу работи со твоите внуци, пишува „Дејли мејл“.
Имам многу енергија. Кога внука ми ќе порасне малку, можам да ја носам на различни места и нема да се изморувам како постарите баби. Мислам дека нема ништо лошо во тоа да се биде баба на 34 години, објаснува Рејчел.