Ѕвезда од „Вил и Грејс“ хоспитализирана двапати во една ноќ

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Американскиот актер Шон Хејс, кој се стекна со слава во серијата „Вил и Грејс“ во улогата на Џек Мекфарланд, призна дека има сериозни проблеми со срцето, а неодамна поради тоа мораше да биде хоспитализиран двапати во една ноќ.

Како што беше откриено во последната епизода од неговиот подкаст SmartLess со ко-водителот Вил Арнет, на Хејс му требало итна медицинска помош откако срцев проблем го разбудило среде ноќ.

„Хју, треба да го знаеш ова дека пред две, три ноќи, Шон се разбудил среде ноќ со срцев проблем, се возел до Cedars-Sinai (Медицински центар). И не го разбудил својот сопруг“, изјави Хејс за време на епизодата во која гостуваше Хју Грант, откривајќи дека кога актерот се вратил дома, проблемот се повторил, поради што повторно завршил во болница.

54-годишниот актер боледува од атријална фибрилација, срцево пореметување кое влијае на ритамот на отчукувањата на срцето. Оваа состојба може да доведе до отежнато дишење или вртоглавица или посериозни несакани ефекти како што се згрутчување на крвта, мозочен удар или срцева слабост.

Во 2021 година, за време на гостувањето кај водителот Џими Кимел, тој зборуваше за својата болест и за борбата со срцевиот проблем, а потоа откри дека поради неговата тешка состојба, редовно морал да бара лекарска помош. Потоа објасни дека поради овие забрзани отчукувања на срцето понекогаш се чувствува како да ќе умре.

Слични содржини