Еден турист од Норвешка за обично потстрижување и бричење во берберница во местото Комижа на хрватскиот остров Вис, платил неверојатни 450 куни (60 евра), објави загрепскиот портал „Индекс“.
Досетливиот бербер на Норвежанецот му напалтил 200 куни (речиси 27 евра) за стрижење, 100 куни (над 13 евра) за миење на косата и 150 куни (20 евра) за бричење.
Инаку, шишање со миење на косата во берберниците на јадранското крајбрежје во просек чини околу 70 куни (9 евра).