easyJet: Раните резервации за летување зголемени за 600 проценти

од Берта Китинска
190 прегледи

Британската нискобуџетна авиокомпанија easyJet објави дека резервациите за летови се зголемени за повеќе од 300 проценти, а резервациите за одмор за повеќе од 600 проценти неделно, откако Велика Британија објави планови за продолжување на меѓународните патувања.

Според оваа авиокомпанија, грчкиот остров Крит е меѓу најпопуларните дестинации на кои сакаат да патуваат во август, а голема побарувачка имаат и Малага, Аликанте, Палма во Шпанија и некои дестинации во Португалија.

Исто така, постои голем интерес за летовите во јули и септември.

Резервациите, наводно, биле направени и покрај фактот дека не е познато кога и како ќе се отворат меѓународните рути, иако британскиот премиер Борис Џонсон пред два дена објави дека ограничувањата за патување постепено ќе бидат укинати.

Слични содржини