ЕБОР донира 77,6 милиони евра за подобра инфраструктура на Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Поддршката на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) на Европска Унија за подобување на виталната инфраструктура на Западен Балкан ќе биде зголемена за дополнителни 77,6 милиони евра, со средства од билатерални донатори.

Донаторите се придружија кон Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и одобрија 77,6 милиони евра грантови за инвестиции и техничка соработка за проектите, што ЕБОР од своја страна ги поддржува со дополнителни 204 милиони евра, се наведува восоопштението на ЕБОР.

Бесповратни средства од ЕУ се предвидени и за финансирање на заобиколницата околу Тирана, за делницата на Медитеранскиот коридор долг 21,5 километри. Заобиколницата треба да биде клучна врска помеѓу двете патни артерии: едната што ќе води од Трст, Италија до Каламатa во Грција, а другата ќе ја поврзува албанскиот регион и Северна Македонија со пристаништето Драч.

Предвидено е средствата да се искористат и за изградба на клучната делница на патот помеѓу Приштина и преминот Мердаре, што е дел од таканаречениот автопат на мирот. Се очекува делницата да ја подобри регионалната трговија и да овозможи поголема поврзаност со виталните извозни пазари, посебно со земјите-членки на ЕУ. Тоа е најкратка транспортна рута во регионот од пристаништето Драч во Албанија кон Југоисточна и Централна Европа, како и кон Црно Море.

Слични содржини