Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри заем од 500 милиони евра на украинската државна гасна компанија „Нафтогас“ за итни испораки на гас со цел да се обезбедат залихи пред зимската сезона.
ЕБОР вели дека ова е најголемиот поединечен заем што банката ѝ го доделила на Украина од почетокот на војната во 2022 година.
Заемот има револвинг структура и е обезбеден со 90% гаранција од ЕУ, како дел од Инвестицискиот план за обнова на Украина.
„Нафтогаз“ се обврза да набавува гас преку конкурентни договори од претходно избрани европски добавувачи, во согласност со стандардите на Европската федерација на трговци со енергија (ЕФЕТ).
Вкупната поддршка на ЕБОР за украинскиот „Нафтогаз“ од почетокот на војната сега изнесува 1,6 милијарди евра, вклучувајќи 1,27 милијарди евра заеми и 330 милиони евра грантови обезбедени од Норвешка.
Според соопштението на веб-страницата на банката, трансакцијата ќе поддржи и реформи насочени кон интегрирање на украинскиот и европскиот пазар на гас.
ЕБОР е најголемиот институционален инвеститор во Украина и има инвестирано повеќе од осум милијарди евра таму од почетокот на војната.
Нејзините пет инвестициски приоритети во Украина се поддршка на енергетската безбедност, виталната инфраструктура, безбедноста на храната, трговијата и приватниот сектор.