Украинската амбасада во Македонија информира дека денес 27. март во 17:30 часот по македонско време, ќе се одржи светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот #SAVEUKRAINE (Спас за Украина).
За време на концертот ќе настапат украински (Jamala, Okean Elzy, MONATIK, Ruslana, DakhaBrakha, Kalush, Go A) и светски ѕвезди, меѓу кои Sting, Ed Sheeran, Bryan Adams, U2, Madonna, Imany, Imagine Dragons, Rod Steward, Elton John и многу други.
-Во многу земји на светот, телемаратонот ќе се емитува на националните телевизии, во центрите на градовите и слично. Северна Македонија не е исклучок. Во центарот на град Скопје, на видео бимот на плоштад „Македонија“ ќе се емитува телемаратонот за поддршка на Украина и украинскиот народ, соопштија од Украинската амбасада.
Од таму ги поканија сите кои што ги поддржуваат во оваа праведна борба Украина за својата земја, да дојдат и да дадат поддршка со своето присуство.