Музичарот Ед Ширан е обвинет за плагијат на песната на Марвин Гaje „Let’s Get It On“.
Семејството на починатиот Ед Таунсенд, кој беше ко-автор на песната, тврди дека има „огромни сличности“ помеѓу песната и хитот на Ширан од 2014 година „Thinking Out Loud“.
Ко-авторот на „Let’s Get It On“ Ед Таунсенд беше пејач, музичар и адвокат кој почина во 2003 година. Тужбата ја поднесе неговата ќерка Кетрин Таунсенд Грифин.
„Мислам дека г-дин Ширан е голем уметник со голема иднина пред него… Но, морам да го заштитам наследството на татко ми“, рече таа во сведочењето.
Како „крунски доказ“ на првиот ден од судењето, семејниот адвокат на Таунсенд прикажа видео од Ширан како изведува „мешап“ од двете песни за време на изведбата и тврдеше дека тоа е „еднакво на признание“.
Ширан негираше дека со тоа „признава“, велејќи ѝ на поротата: „Би бил идиот да застанам на сцената пред 20.000 луѓе и да го сторам тоа“.
Бена Крамп, адвокатка на наследниците на Таунсенд, кои бараат 100 милиони долари од Ширан, рече дека тужбата е поднесена за „за заслугите да отидат таму каде што треба“.
Адвокатката на Ширан, Ајлин Фаркас, рече дека музичарката и ко-писател на „Thinking Out Loud“ Ејми Веџ не ја „украла“ песната од Таунсенд и Гаје.
Прогресијата на акордите и основните елементи на песната на Ширан често се користат во музиката и не се појавија за прв пат во „Let’s Get It On“, рече таа.
Тужбата против Ширан беше покрената во 2017 година, а судењето се очекува да трае околу една недела.