Ед Ширан откри која епизода од „South Park“ му го „уништила животот“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
349 прегледи

Британскиот музичар Ед Ширан изјави дека мисли оти епизодата од „Ginger Kids“ од серијата „South Park“ ја уништила шансата неговата портокалова коса некогаш да стане кул. Тој рече дека црвената коса никогаш не била нешто со што луѓето во Америка би се потсмевале се до епизодата од анимираната серија која се емитуваше во ноември 2005 година.

„Таа епизода од „South Park“ ми го уништи животот. Отидов во Америка и сите ми рекоа: „Ја сакам твојата коса.“ А јас бев како: „О Боже мој, луѓето ја сакаат мојата коса?“ И тогаш се сеќавам дека таа епизода излезе низ целиот свет и тоа беше тоа“, изјави музичарот.

Сепак, тој истакна дека се уште е голем фан на „South Park“.

Додаде дека во една од епизодите би сакал да го позајми гласот на еден од ликовите.

Погледнете го инсертот од епизодата која му го „уништи животот“ на Ед Ширан.

Слични содржини