472
Британскиот кантавтор Ед Ширан бил тестиран позитивен за коронавирус, но ќе продолжи да настапува и да дава интервјуа од својот дом во Сафок.
Ширан на Инстаграм објави дека ќе биде во самоизолација, согласно насоките на британската влада.
„Им се извинувам на сите што ги разочарав, сите бидете безбедни“, рече Ширан.
Британскиот текстописец и кантавтор минатата недела настапи во Лондон за време на доделувањето на наградите „Earthshot“, наменети за оние кои се обидуваат да ја спасат планетата, потсетува Би-би-си.
Наградите ги доделува Кралската фондација на војводата и војвотката од Кембриџ.