Свадбата на основачот на Amazon и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез би можела да биде еден од најгламурозните настани во годината. Според информациите кои ги откри TMZ, на листата на гости предводат некои од најпознатите имиња во светот на шоубизот.
Имено, на листата на гости се наоѓаат големите ѕвезди како Ева Лонгорија, Кети Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Гејл Кинг, Крис Џенер, Ким Кардашијан и Џевел. Поканети се и Иванка Трамп и Џаред Кушнер, како и познатата манекенка Карли Клос со нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер.
Меѓу гостите се и филмскиот продуцент Бери Дилер, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг и бројни ѕвезди како Брајан Грејзер и моделите Брукс Надер и Камил Мороне.
Безос и Санчез јавно ја потврдија својата врска во јануари 2019 година, набргу откако Безос објави дека се разведува од поранешната сопруга Мекензи Скот, со која има четири деца. Во исто време, Лорен Санчез поминуваше низ развод со нејзиниот сопруг Патрик Вајтсел, со кого беше во брак 13 години и имаат две деца.
Санчез има и син од претходната врска со поранешниот НФЛ играч, Тони Гонзалес. Двојката е свршена од 2023 година, откако Безос ја запроси Лорен на неговата луксузна јахта додека пловеа низ Европа.
Покрај подготовките за свадба, Лорен Санчез се подготвува и да води историска вселенска експедиција која е целосно женска. Пред повеќе од две години, во интервју за Wall Street Journal, таа го откри својот план да лета во вселената со целосно женски екипаж. Таа нагласи дека нејзини придружници ќе бидат жени кои го менуваат светот, со големо влијание и силна порака.