351
Џо Манганиело (43) важи за еден од најзгодните холивудски актери, а многу мажи му завидуваат затоа што го освои срцето на Софија Вергара (48), една од најубавите жени во светот.
Ѕвездата на филмот „Волшебниот Мајк“, препознатлив по темната коса, реши да го смени имиџот и да ја скрати косата како на популарната ирокези фризура – потполно кратка коса од странитеи подолга на горниот дел од главата. И тоа не е сè! Тој отиде чекор подалеку и се офарба во сина боја.
Со оваа голема промена, актерот се пофали со своите следбеници на Инстаграм, а многумина не го препознаа на почетокот. Тој сподели, фотографија на која имаше заштитна маска, а многумина не ни разбираа за кого станува збор, додека не ја објави фотката без маска.