Еден полицаец загина, уште еден тешко ранет во престрелка во Србија, полицијата трага по напаѓачот

од Илинка Илиоска
110 прегледи

Во четвртокот вечерта во Лозница, Србија, за време на рутинска контрола на такси возило, полицајци биле нападнати со огнено оружје.

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, потврди дека при престрелката еден полицаец загинал, а друг е тешко повреден. Починал полицаецот Никола Крсмановиќ (34), додека Вјекослав Илиќ (50) е полесно повреден и е во стабилна состојба.

Според српските медиуми, неофицијално сторителот е Хајзири Артан (33). Кога бил запрен од граничната полиција и побарале да ја покаже ташната, започнал да пука.

„Во таксито имало странски државјани, најверојатно од албанска националност, кои отвориле оган врз сообраќајната полиција. Во престрелката загинал еден полицаец, а друг се здобил со тешки повреди, но е стабилен“, пренесува агенцијата РИНА.

На местото на настанот брзо пристигнале силни полициски сили и хеликоптери, информираат локалните медиуми.

Слични содржини