Тројца загинати, а едно лице е повредено во експлозија во фабрика за мали плински боци во Богданци-информира Телма.

Како што информираше градоначалничката на Богданци, Анастасија Олумчева во моментов пожарот е локализиран, но екипите сѐ уште се на терен.
На лице место покрај пожарникарски екипи, пристигнала и брзата помош, повредениот е пренесен во болница. Загаденоста на воздухот во околината е забележителна, рече Олумчева.
Децата од околното основно училиште биле пуштени дома, бидејќи веднаш по експлозијата снемало електична енергија.
Станува збор за фабрика каде се работи во три смени, а во мометот на експлозиите на работа биле 11 вработени.
Фабриката за плински боци е сместена на влезот во градот Богданци.