Еден за Русите, друг за Киев: Двајца државјани на БиХ на фронтот во Украина

од Nikola Popovski
246 прегледи

Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека во Украина се убиени 51 платеник од Босна и Херцеговина. Министерството за одбрана на БиХ остро ги демантираше овие информации и изјави дека на украинското бојно поле има двајца државјани на таа земја и дека се борат на спротивни страни – едниот војува за Москва, а другиот за Киев.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека од 24 февруари годинава, датумот на почетокот на инвазијата на таа земја врз Украина, на боиштата пристигнале 167 државјани на БиХ.

Тие тврдат дека 51 од тој број биле убиени, дека 46 лица ги напуштиле боиштата, а дека во моментов 70 државјани на БиХ се наоѓаат во Украина.

На нивните наводи реагираше Министерството за одбрана, кое соопшти дека нема такви информации.

„Министерството за безбедност на БиХ и безбедносните агенции имаат информации за заминувањето на двајца државјани на БиХ на бојното поле во Украина (еден на страната на Украина, а другиот на Русија), така што податоците за заминувањата и загинатите државјани на БиХ се целосно невистинити, како што е објавено во медиумите, повикувајќи се руски извор“, се вели во соопштението на тамошното министерство.

Заминувањето на граѓаните на БиХ на странски боишта е кривично дело поврзано со тероризам и терористички активности. Законот беше изменет во 2014 година и предвидува затворски казни до 10 години. Причина за донесување на законот беше заминувањето на значителен број босански државјани на боиштата во Сирија.

 

Слични содржини