39
На 16.08.2024 околу 17.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Лески – с.Зрновци, кочанско, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(62) од с.Виничка Кршла, општина Виница, излетало од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А.(55) од с.Виничка Кршла, кој бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде што подоцна починал. Додека, со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник М.С.(60) од с.Виничка Кршла, констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.