Еден загинат во пукање во супермаркет во Грција: Напаѓачот се обидел да избега

од Илинка Илиоска
482 прегледи

Едно лице загина, а друго е повредено во пукање во супермаркет во Пиреја, Грција.

Инцидентот, кој бил судир меѓу Курди, се случил вчера во 17.20 часот и започнал пред супермаркетот. Според информациите во грчките медиуми, вооружен маж им пришол на две лица и отворил оган врз нив.

Нападнатите, во обид да побегнат нашле засолниште во супермаркетот. Откако одекнал првиот истрел, вработените и купувачите почнале панично да бегаат.

Напаѓачот се обидел да избега, но полицијата го уапсила во близина на супермаркетот.

Уште едно лице, исто така со курдско потекло, е приведено во полиција. Се верува дека ги познавал инволвираните и дека бил сведок на инцидентот.

Едно од сценаријата што грчката власти ги разгледуваат е дека сторителот знаел дека двајцата турски државјани се во близина на супермаркетот и ги следел нивните движења до вчера кога нашол можност да влезе во ситуацијата и да ги застрела.

Мотивите на инцидентот не се познати.

Силно полициско присуство ја опколи конкретната област, која е популарна туристичка атракција.

Слични содржини