53
Албанскиот премиер Еди Рама денеска е примен во болница на операција на кила, јавуваат Репортери.
Според албанските медиуми, Рама го оперира доктор Арбен Ѓата, a пред извесно време на шефот на албанската влада му беше извршена уште една операција за отстранување на слепото црево.
Премиерот Еди Рама на крајот на август најави дека ќе биде опериран поради здравствен проблем.
При посетата на КСУТ, каде што беше отворена дневната болница, Рама тогаш изјави дека повторно ќе се појави како пациент бидејќи мора да направи интервенција поради проблем со ингвинална хернија.