Едно лице е тешко повредено, а седум лица се здобиле со полесни повреди во четири од 11 регистрирани сообраќајки во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Шест сообраќајки се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 18 возачи  за пречекорување брзина, тројца  не ги почитувале светлосно сигналните уреди односно поминале на црвено светло  на семафорот, 12 возачи не користеле сигурносен појас или користеле мобилниот телефон, 17 без возачка дозвола односно нерегистрирани и за 35 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак се отстранети 55 возила.

Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”  Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во објектите „Парк“ и „Кукушка“ во градинка „13 Ноември“ во објекти „ Парк “ и „Кукушка“  во општина Центар./миа

Слични содржини