Единствена Македонија: Никогаш нема да ги предадеме Македонија и Македонците

од Vladimir Zorba
431 прегледи

„Единствена Македонија најискрено им порачува на сограѓаните – Албанци да не помислуваат на нова војна, бидејќи овојпат нема да си имаат работа со некое предавничко македонско раководство од 2001 година, туку ќе се соочат со македонскиот народ.

Но, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија. Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во Единствена Македонија ја гледаат последната надеж.

Единствена Македонија никогаш нема да ги предаде Македонија и Македонците и за таа цел ќе ги поништиме сите антимакедонски и антидржавни акти со кои се рушат македонската држава и македонскиот народ“. стои во соопштението за јавност на Единствена Македонија.

Слични содржини