Ана Николиќ наводно не сака да слушне за Наташа Беквалац, нејзината колешка со која нејзиниот поранешен сопруг Стефан Ѓуриќ Раста неодамна сними дует. Според српските медиуми, пејачката му упатува жестоки навреди.
Според „Блиц“, Ана Николиќ испратила навредливи пораки до Раста.
Иако се е на ниво на шпекулации, српските медиуми наведуваат дека причината за оваа наводна реакција на Ана Николиќ е што планирала нејзиниот поранешен сопруг да ѝ направи нов албум и таа да биде единствената со која ќе снима дует, за кој веќе разговарале.
Од друга страна, Беквалац во разговор за „Премиер“ истакна дека не ги чита наводите на медиумите.
„Не може да ми пречи нешто што не постои. Медиумите не се мојот живот, не сум полудела. Во принцип, јас немав никаков проблем, ниту па било каква негативна емоција од нејзина страна“, изјави Наташа Беквалац за емисијата „Премиер“.